За Нас

Глоса Студио – Научи да комуницираш со светот

Студио за преводи и јазици „Глоса“, основано во 2012 година е вашето место за професионални преведувачки услуги, како и изучување на јазични курсеви.

Од самиот почеток до денес посветено создаваме современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура. 

Нашата мисија

Да обезбедиме преводи што се брзи, точни и доверливи, со целосна посветеност на секој клиент. Работиме со современи CAT алатки (Trados, MemoQ, Wordfast) и секогаш се придржуваме до договорените рокови – со можност за итни преводи и достава низ цела Македонија. Додека пак во едукативниот дел и изучувањето јазици од особена важност ни е нашите студенти да бидат задоволни од спроведените часови, мотивирани и да стекнат темелно знаење во англискиот и германскиот јазик.

Нашиот тим

Најголемата предност на Глоса се нашите професионални преведувачи и професори, со високи академски квалификации и меѓународно искуство. Тимот е составен од:

Андријана Кацеска

Раководител на оддел за Англиски јазик

Филип Ристески

Раководител на оддел за Германски јазик

Повеќе од една деценија сме вашата јазична водилка кон светот преку нашите преводи, толкување и курсеви за странски јазици.

Што велат нашите клиенти