од 2012

Раководител на оддел за Англиски јазик

Јас сум Андријана. Мојата професија е дипломиран професор по англиски јазик и имам 11 годишно работно искуство во струката, од кои 10 години во училиштето за странски јазици Глоса.

Како личност јас сум комуникативна, одговорна, лојална, дружељубива, посветена и позитивна. Слободното време го користам за патување, прошетки во природа кои ми даваат енергија, сакам да читам и да уживам со најблиските. Секојдневно се едуцирам и го надградувам моето искуство со нови знаења, секогаш сум подготвена за нови предизвици и задачи кои ги прифаќам со радост и
мотивација.

Сподели со нас нешто повеќе за твојата мотивација да станеш професор по Англискијазик. Зошто ја избра токму оваа професија?

Мојата желба за англиски јазик се појави уште во училишните денови и секогаш со радост ги чекав часовите кога го изучувавме јазикот. Неколку години посетував курс по Англиски јазик и тоа ми беше дополнителна мотивација да се одлучам да запишам студии.

Кога го завршив факултетот имав можност да работам една година во основно училиште и да го пренесам моето знаење на учениците. Кога почнав да работам во училиштето за странски јазици Глоса, моето задоволство стана поголемо, се чувствував многу исполнето кога ќе ги видев детските лица среќни што научиле зборови од јазикот. Моето знаење од англискиот јазик го проширив и во други полиња како судски преведувач и други преведувачки дејности.

Што мислиш, што е она што ја издвојува Глоса како училиште за странски јазик кога станува збор за учење на Англиски јазик?

Глоса е училиште за странски јазици кое постои 11 години и оттогаш континуирано изведува настава по странски јазици за слушатели од разни возрасти и по различни потреби.

Глоса е училиште за странски јазици кое постои 11 години и оттогаш континуирано изведува настава по странски јазици за слушатели од разни возрасти и по различни потреби.

Она што ја издвојува Глоса од другите училишта за странски јазици е концептот на работа со мали групи, каде на слушателите им се посветува посебно внимание и обука со цел да го научат Англискиот јазик.

Каков совет би им дала на оние кои сакаат да го подобрат своето познавање на Англискиот јазик, во и надвор од училница ?

Англискиот јазик е светски јазик и неговото познавање е големо богатство за секој што го знае.

Мој совет до сите кои сакаат да го подобрат познавањето на англискиот јазик е што повеќе да се посветат на негово учење и усовршување преку разни методи. Може да се запишат на курс во Глоса каде тимот на професионални професори ќе им помогне во изучување на јазикот преку разни техники.

Англискиот јазик надвор од училница може да се подобри преку читање англиска литература, пишување, зборување, слушање музика на англиски јазик, гледање филмови итн. Сето тоа дополнително ќе придонесе за стекнување на поголеми знаења од Англискиот јазик.