Студиото за странски јазици „Глоса“ е основано во 2012 година. Од самиот почеток до денес посветено создаваме современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура. Нудиме општи и специјализирани курсеви по англиски и германски јазик, како и подготовка за полагање меѓународни испити. Нашите часови се динамични, интерактивни, исполнети со теми кои се интересни и сосема прилагодени за возраста на учениците.
Најголемиот потенцијал на Глоса се професионалните вработени кои имаат стручни квалификации за превод на правни, комерцијални, технички, финансиски, сметководствени документи, како и брошури, каталози, списанија, научни трудови, договори, законски акти, презентации, и располагаме со цертифицирани овластени судски преведувачи за преводи по сите европски јазици.
Секојдневно применуваме посебни методи на предавање кои им помагаат на учениците да ги развијат сите четири јазични вештини – читање, пишување, слушање и зборување. Со примена на овие методи ги мотивираме учениците да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваме нивниот талент и ја ослободуваме нивната креативност. Имаме методолошки пристап кој го поддржува интелектуалниот и социјалниот развој на учениците поттикнувајќи ги да станат успешни ученици, независни мислители и почитувани поединци.
Работно Време: Пон-Чет 09:00-20:00, Пет 09:00-16:00
© Copyright 2023 GLOSA. Сите права задржани