Кажи ни нешто повеќе за тебе.
Моментално работам во јазичен центар, а воедно сум и апсолвент на Филолошки факултет, студирам англиски јазик и книжевност. Уште од студиите сфатив дека преведувањето е многу повеќе од буквално пренесување зборови. Важно е да се долови и смислата, стилот и пораката на текстот. Токму заради тоа, оваа работа ми е интересна.
Што најмногу ти се допаѓа во работата со преводи?
Она што најмногу ми се допаѓа кај преводите е што секој текст носи нешто различно. Еден ден работиш на правен документ, друг ден на диплома, медицински извештај или некој покреативен текст. Работата е секогаш динамична, секој превод е ново искуство и можност да научиш нешто повеќе.
Кој е најважниот фактор за еден квалитетен превод?
Според мене, за еден превод да биде навистина квалитетен, најважно е да биде точен, но и природен за читање. Не е доволно само да се преведе збор по збор – текстот треба да звучи јасно и природно на јазикот на кој се преведува.
Што друго правиш во твоето секојдневие? Кои се твои хоби и интереси?
Во слободно време најчесто читам, гледам филмови и серии или истражувам работи поврзани со јазици и различни култури. Сакам и постојано да ги подобрувам своите јазични и преведувачки вештини, бидејќи во оваа професија секогаш има нешто ново за учење.
И за крај, кафе или чај додека работиш?
И за крај – кафе, без размислување. Особено кога има многу страници за превод, а роковите се кратки.