Судски преводи
Јазична експертиза што ги претвора сложените документи во јасна комуникација
Нашето студио е специјализирано за судски и стручни преводи на сите европски јазици, меѓу кои најбарани:


англиски ⇄ македонски


македонски ⇄ англиски


германски ⇄ македонски


македонски ⇄ германски
За преводите користиме платформи за преведување како Trados, MemoQ, и Wordfast за поголема ефикасност и конзистентност.
Погледнете ја листата на останатите јазици за кои овозможуваме преводи:

македонски

Италијански

Француски

Холандски

Норвешки

Шведски

Дански

Романски

Чешки

Полски

Словенечки

Руски

Српски

Хрватски

Босански

Црногорски

Бугарски

Албански

Грчки
Турски

Арапски
Судски преводи
Судските преводи се заверени од овластен судски преведувач по дадениот јазик и подлежат на регулативи од Министерството за правда кои нашите преведувачи во целост ги применуваат.
Најчесто преведуваме:
- Матични изводи (родени, венчани, починати)
- Сертификати, дипломи и уверенија
- Судски пресуди и одлуки
- Возачки дозволи и други официјални документи
Судските преводи ги добивате сигурно и навреме, со можност за итна изработка и достава до било која адреса во Р. Македонија.
За судските преводи потребен е оригиналниот документ на увид. Пред да побарате понуда со прикачување на Вашите документи, важно е да знаете дека преводите за странски амбасади и претставништва во земјава треба да бидат посебно нагласени.
Сите примени преводи подлежат на Законот за заштита на лични податоци и подлежат на строга доверливост со тоа што се користат исклучиво за преведувачката намена за која се примени.
Нашиот процес на преводи
Секој превод не завршува само со преведениот текст. За да обезбедиме максимален квалитет:
1
Се изработува превод од дипломирани и искусни преведувачи
2
Се врши едитирање за терминолошка и стилска конзистентност
3
Се прави лектура за граматичка и правописна точност
4
Се проверува усогласеност со оригиналот
Овој стандардизиран процес гарантира дека добивате превод кој е прецизен и професионално подготвен.
Блог содржини

Буквалниот превод ја задржува формата на оригиналот, додека креативниот го задржува неговиот дух….

Што се правни документи? Правни документи се сите документи што создаваат, потврдуваат, или…

Во време кога светот е сѐ повеќе поврзан и мултикултурен, познавањето на странски…

Полагањето на IELTS или TOEFL е значаен предизвик за сите кои се стремат…

Кога ќе се каже „превод“, најчесто мислиме на едноставно пренесување зборови од еден…

Зошто богат вокабулар е клучен за учење англиски Богатиот вокабулар е темелот на…
Побарајте судски превод
Покрај горенаведената форма, имаме и дополнителни канали преку кои можеме да го овозможиме налогот за превод:
- [email protected]
- 078 447 387 (Viber и WhatsApp)