Како да се подготвите за полагање IELTS или TOEFL

Содржина

Полагањето на IELTS или TOEFL е значаен предизвик за сите кои се стремат кон академски или професионален успех во странство. Во Македонија постојат специјализирани курсеви за IELTS и TOEFL, кои нудат структуриран план, насочена подготовка и правилен пристап за постигнување на висок резултат. Јазичното студио Глоса ги организира овие програми и може да ти помогне да го унапредиш своето јазично знаење и комуникациски вештини.

Важноста на меѓународните тестови по англиски (IELTS и TOEFL)

Меѓународните тестови како IELTS и TOEFL претставуваат глобално признат стандард за проценка на познавањето на англискиот јазик. Овие тестови го проверуваат познавањето на англискиот јазик и вештината да се снајдеш под временски притисок, да размислуваш критички и да комуницираш јасно во академски и професионален контекст. Нивната важност произлегува од неколку клучни причини:

  • Прием на универзитети и колеџи, каде повеќето високообразовни институции во светот бараат резултат од IELTS или TOEFL како услов за упис. Ова особено важи за студии во земји како САД, Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд. Пример, за упис на Oxford University обично се бара IELTS Academic 7.0–7.5, додека пак Harvard University прифаќа TOEFL iBT 100+. Тоа значи дека, без валидна оценка од еден од овие тестови, апликацијата нема да се разгледа, без разлика колку силно CV или мотивациско писмо имаш.
  • Работни и имиграциски можности. Многу држави бараат овие тестови како дел од апликацијата за работна виза или постојан престој. Високиот резултат е твојот најкредибилен доказ за твојата способност да комуницираш и функционираш во професионална средина на англиски. Австралија и Канада бараат IELTS или TOEFL резултат како дел од системот за поени за имиграција. За работна виза во Австралија често е потребен IELTS General 6.0 или повеќе, додека пак за медицински професионалци во Канада, потребно е IELTS Academic 7.0+.

Важно е да знаеш дека за разлика од локалните сертификати, резултатите од IELTS и TOEFL имаат универзална тежина и важат на глобално ниво. Подготовката на тестовите вклучува читање, пишување, слушање и говорење на високо академско ниво. Поседувањето валиден резултат од овие тестови ја зголемува твојата вредност на пазарот на трудот, особено во компании и институции што бараат меѓународна комуникација.

Разбирање на структурата на тестовите

За успешна подготовка за IELTS и TOEFL, првиот чекор е детално да се запознае структурата на тестот. Овие испити не ја оценуваат само твојата јазична компетенција, туку и способноста да се снајдеш во академски и професионални ситуации на англиски јазик. Знаењето што да очекуваш во секој дел ти овозможува подобро ги искористиш времето и вештините на најдобар можен начин.

IELTS – Academic и General Training

И Academic и General Training имаат четири главни секции: Listening, Reading, Writing, Speaking. Секој дел има свои специфични задачи и цели.

1. Listening (Слушање)

  • И двата типа на тестот имаат 4 дела со вкупно 40 прашања.
  • Слушање на дијалози и монолози од секојдневни и академски ситуации.
  • Прашањата го следат редоследот на аудиото.

2. Reading (Читање)

  • Academic: 3 подолги академски текстови, со задачи како multiple choice, matching headings, sentence completion. Текстовите се од научен и академски тип.
  • General Training: Повеќе секојдневни текстови (пораки, писма, огласи, извештаи) и неколку кратки академски материјали. Задачите се слични на Academic, но јазикот е поедноставен.
  • Времетраење: 60 минути.
студент се припрема за IELTS и фаќа забелешки врз учебник по англиски јазик

3. Writing (Пишување)

  • Academic: 2 задачи – Прва задача: опис на график, табела или дијаграм; Втора задача: есеј со аргументирана позиција.
  • General Training: 2 задачи – Прва задача: писмо (формално или неформално); Втора задача: есеј за личен став или искуство.
  • Вкупно време: 60 минути.

4. Speaking (Говорeње)

  • И двата типа на тестот имаат ист формат:
    • Општи прашања за личен живот, интереси, работа или студии.
    • Монолог на зададена тема (подготовка 1 минута, говор ~2 минути).
    • Дискусија со испитувач, развивање и аргументирање на идеи.
  • Трае 11–14 минути, лице-в-лице.

TOEFL – iBT формат.

TOEFL iBT (Internet-Based Test) е најчестиот формат на тестот за проверка на англискиот јазик, кој се полага онлајн во тест-центар или од дома (со надзор). Тој ги мери твоите академски јазични вештини преку четири главни секции:

Reading (Читање)

  • Времетраење: 35 минути
  • 2 пасуси од академски текстови
  • ~20 прашања
  • Тестира способност за разбирање на главни идеи, детали, заклучоци и ставови

Listening (Слушање)

  • Времетраење: 36 минути
  • 3 предавања и 2 разговори
  • ~28 прашања
  • Оценува разбирање на главни идеи, поддржувачки детали и ставови на говорителите

Speaking (Говорење)

  • Времетраење: 16 минути
  • 4 задачи: 1 независна и 3 интегрирани (читање + слушање + говорење)
  • Одговорите се снимаат и се оценуваат според течност, јасност и кохерентност
професор во разговор со студент кој се спрема за TOEFL

Writing (Пишување)

  • Времетраење: 29 минути
  • 2 задачи: Интегрирана задача (читање + слушање + пишување есеј) и Независна задача (есеј заснован на сопствено мислење или аргумент)

Вкупно времетраење: Околу 2 часа и 2,5 часа (вклучувајќи инструкции и кратки паузи).

Оценување:

  • Секција: 0–30 поени
  • Вкупно: 0–120 поени

Главни секции: Listening, Reading, Writing, Speaking

Ќе ви прикажеме неколку конкретни примери за задачи за секоја секција на IELTS и TOEFL.

Секција   IELTS (Academic / General Training)   TOEFL iBT   Примери на задачи  
Listening / Слушање   Дијалози и монолози од секојдневни и академски ситуации  Лекции и разговори; разбирање на главни идеи, детали, ставови  IELTS: „На кој датум сакаат да резервираат соба?“/„Кои три цели ги наведува професорот?“ TOEFL: „Која е главната идеја на пасусот?“
Reading / Читање   Academic: 3 академски текстови; General Training: секојдневни текстови и кратки академски материјали  Академски текстови со прашања за главна идеја, детали, заклучоци  IELTS: „Која е главната причина за топење на глечерите?“ TOEFL: „Изберете точно или неточно тврдење врз основа на текстот“
Writing / Пишување   2 задачи: Academic Task 1 + Task 2; General Task 1 + Task 2  2 задачи: интегрирана + независна  IELTS Academic: опишете график / есеј
General: писмо + есеј
TOEFL: интегриран есеј (читаш + слушаш) + независен есеј
Speaking / Говорење   3 дела: општи прашања, монолог, дискусија; лице-в-лице дискусија  4 задачи: 1 независна, 3 интегрирани; одговорите се снимаат  IELTS: „Опишете личност што ве инспирира“
TOEFL: „Опишете место што сте го посетиле“  
очила врз учебник по англиски јазик

Избор на соодветен тест

При изборот помеѓу IELTS и TOEFL, важно е да се земат предвид барањата на институцијата или програмата за која аплицирате. Во САД, најчесто се преферира TOEFL iBT, бидејќи многу универзитети таму го користат како стандард за проверка на англискиот јазик во академска средина.

Во Европа, Канада и Австралија, пак, често се бара IELTS, особено во неговата академска верзија за универзитетски упис или General Training за имиграциски и работни цели. Разликите помеѓу двата теста во формат и структура може да влијаат на изборот, зависно од тоа на кој начин се чувствувате поудобно при слушање, читање, пишување и говорење.

Совет: Секогаш проверете ги конкретните барања на институцијата каде што аплицирате. Некои универзитети прифаќаат и IELTS и TOEFL, но може да имаат различни минимални резултати за секоја секција на тестот. За да имате доволно време за подготовка и евентуално повторно полагање, планирајте го тестот однапред.

Совети за ефикасна подготовка

Со вистински пристап, постојана поддршка и редовна подготовка, високите резултати се неизбежни! Како јазично студио кое нуди целосна подготовка за IELTS и TOEFL, ви ги претставуваме нашите проверени совети за најдобра подготовка, базирани на долгогодишното искуство со студенти:

  • Запознај се со структурата на тестот – знаењето што да очекуваш во секој дел е првиот чекор кон успехот. Ние ќе ти покажеме како изгледа секоја секција и типичните задачи.
  • Користи официјални материјали и примерни тестови – на нашите курсеви користиме актуелни и признати материјали за IELTS и TOEFL, за да се навикнеш на вистинските прашања.
  • Вежбај слушен дел (Listening) секојдневно – слушај лекции, подкасти и разговори со различни акценти. А дополнително нашите професори ќе ти помогнат да ги разбереш и најсложените аудио материјали.
  • Вежбај читање (Reading) – читај академски текстови и статии, извлекувај главни идеи и детаљи. На часовите ќе научиш техники за брзо и ефикасно читање.
  • Вежбај пишување (Writing) – пишувај есеи и извештаи со временски лимит, користејќи јасна структура и формален јазик. Нашите професори ќе ти дадат повратна информација и совети за подобрување.
  • Вежбај зборување (Speaking) – зборувај со наставник или група, и вежбај говор. Со нас ќе работиш и преку симулации на реален испит за да се чувствуваш сигурно.
  • Постави реални цели и план за учење, а ние ќе ти помогнеме да направиш персонализиран план, со баланс помеѓу сите четири секции.
  • Учествувај во курсеви или туторијали – нашите специјализирани курсеви се дизајнирани да ти овозможат стратегии, техники и личен напредок.
  • Управување со време и стрес – вежби како да се справиш со притисокот, како брзо да ја идентификуваш клучната информација и да одговориш правилно.
  • Ревидирај и анализирај ги грешките – со помош на нашите професори ќе ги препознаеш слабите точки и ќе ги надградиш твоите вештини.

Доколку те заинтригиравме и те поттикнавме да вложиш во своето знаење и иднина, ние сме тука да те поддржиме на секој чекор од твојот пат кон јазичниот успех. Со сите информации и совети што ги споделивме, ќе ти помогнеме да ги зацврстиш своите вештини и сигурно да ги оствариш твоите јазични цели.

За повеќе информации околу нашиот специјализиран курс за IELTS и TOEFL, одвивање и времетраење на наставата, прочитај тука.