7 најчести грешки при превод и како да се избегнат

Содржина

Кога ќе се каже „превод“, најчесто мислиме на едноставно пренесување зборови од еден јазик на друг. Но вистината е дека преведувањето е многу повеќе од тоа. Преводот е процес на пренесување на културен контекст, стил и смисла. Доволно е една мала грешка за да се смени целото значење или да се создаде погрешно толкување. Поради тоа, дури и искусни преведувачи понекогаш се соочуваат со замки кои лесно можат да се избегнат со поголемо внимание и постојани практики.

Зошто квалитетниот превод е клучен за бизниси, документи и комуникација?

Квалитетниот превод е клучен затоа што гарантира јасна и точна комуникација. Кога преводот губи на својата суштина, природно настануваат недоразбирања. Кога клиентите нема да ја разберат смислата на самиот превод, тоа често води кон губење на довербата од страна на клиентот бидејќи текстот изгледа непрофесионално и остава впечаток дека преведувачот не вложува доволно внимание. Покрај тоа, несоодветен превод резултира и во финансиски последици, кои во таа фаза се неизбежни.

Со квалитетен превод, пак, се обезбедува прецизност, професионален имиџ и сигурна основа за успешна деловна и лична комуникација.

А сега, да ги разгледаме седумте најчести грешки при превод.

Грешка #1: Буквален превод без контекст

Постојат бројни примери каде компании со висока репутација изгубиле милиони токму поради неточен превод. Дали сте слушнале за проблемот на банката HSBC во Хонг Конг, Кина, чиј несоодветен превод ги чинел милиони долари за отс? Доколку не, сега е вистинскиот момент да го задржиме вашето внимание и да ве потсетиме да бидете внимателни со буквалниот превод (word-for-word) кој звучи сосема неприродно.

„Assume Nothing” → „Do Nothing”

Во 2009 година, банката HSBC пуштила глобална кампања со слоган Assume Nothing” (Без претпоставки). Намерата во маркетинг контекст требало да ја поттикне довербата кај клиентите, носејќи ја пораката: Не земаме ништо здраво за готово или Не претпоставуваме – проверуваме, истражуваме. Меѓутоа, кога слоганот бил преведен во неколку земји во Do Nothing(Не прави ништо“ или „Остани пасивен“, во пофигуративен контекст), буквално се добил превод што звучи спротивно на оригиналната порака. Токму овој превод предизвикал збунетост и негативни реакции, па HSBC морал да инвестира 10 милиони долари за ребрендирање и корекција во нова кампања.

Грешка #2: Граматички и правописни грешки

Граматичките и правописните грешки се едни од најчестите и најштетни при преведување, бидејќи директно влијаат на јасноста, точноста и професионализмот на преводот. Овие грешки можат да се појават на повеќе нивоа:

  1. Граматички грешки (неправилно нагласување на придавки, глаголи и именки со нивните објекти или субјекти, погрешна употреба на падежи, како и грешки во употребата на глаголските облици)
  2. Правописни грешки (неправилно пишување на сложени зборови, грешки во употребата на големи и мали букви, како и погрешна употреба на интерпункциски знаци)

Недостатокот на познавање на граматичките правила на целниот јазик, автоматски преводи како Google Translate (без дополнителна проверка) и невнимателност или брзање при превод се најголемиот ‘непријател’ на преведувачите. Постојат превентивни решенија за да се избегне погрешен превод, а помеѓу нив се наоѓаат:

  • Редовно консултирање со граматички и правописни речници
  • Користење на професионални алатки за проверка на граматика и правопис
  • Прегледување на преводот од страна на друг преведувач или носител на целниот јазик

Внимателноста и познавањето на овие правила се клучни за успешен превод. Токму заради нашата цел да Ви доставиме прецизни и уредни преводи, нашите искусни преведувачи во Глоса дополнително ги користат најсовремените алатки за превод Trados, MemoQ и Wordfast.

судски преведувач на консултации со свој клиент

Грешка #3: Неправилен технички или стручен термин

Една од најчестите грешки при стручен превод е употребата на неточни или несоодветни технички и стручни термини. Оваа грешка е особено сериозна во области како правото, медицината и технологијата, каде точноста на терминологијата е клучна за правилно разбирање и примена на документите.

Во правниот превод, употребата на неточни термини може да има сериозни последици, вклучувајќи:

  • Отфрлање на докази: Неправилно преведени правни термини може да доведат до отфрлање на докази во судски постапки.
  • Забавување на судски процеси: Грешките во преводот можат да доведат до одложување на судски рочишта и дополнителни правни трошоци.
  • Правни конфликти: Нејасните или погрешно преведени термини може да предизвикаат правни спорови и тужби.

Во медицинскиот превод, точноста на терминологијата е животно важна:

  • Медицински грешки: Неправилно преведени упатства за дозирање или дијагнози можат да доведат до погрешно лекување или сериозни здравствени компликации.
  • Погрешна интерпретација на симптоми: Грешките во преводот може да доведат до погрешно толкување на симптомите и, последично, до неточна дијагноза.
  • Загрозување на пациентската безбедност: Неправилниот превод може да доведе до несоодветно лекување и сериозни здравствени последици.

Погрешниот превод на технички документи, може да доведе до:

  • Погрешно разбирање на упатства: Неправилно преведени упатства за употреба или безбедност доведуваат до неправилна употреба на производи или опрема.
  • Проблеми со квалитетот на производот: Грешките во преводот може да доведат до дефекти во производите или до неусогласеност со техничките стандарди.
  • Регулаторни проблеми: Неправилниот превод може да доведе до неусогласеност со локалните регулативи и стандарди.

Грешка #4: Игнорирање на културните разлики

Игнорирањето на културните разлики од страна на преведувачот е честа грешка која се случува кога истиот не ги зема предвид специфичните културни контексти. Резултатот е најчесто преточен во нејасен, неадекватен, и навредлив превод за читателот.

Примери на културни разлики што треба да се имаат предвид:

  • Фрази и идиоми. Едноставно некои изрази што се вообичаени во еден јазик може да немаат директен еквивалент во друг. На пример, англискиот израз “Break a leg” значи „Среќно!“ кога се кажува пред настап, но буквалниот преводСкрши нога“ би бил збунувачки и негативен на македонски.
  • Региони и значења. Истоимените зборови може да имаат различни значења во различни региони. Во Мексико, “torta” е вид на сендвич со крцкава кора, додека во Италија, “torta” е слатка торта.
  • Боја и симболи: Боите и симболите можат да имаат различни значења во различни култури. На пример, црвената боја во Кина се смета за среќна и симболизира прослава, додека во Јужна Африка се поврзува со опасност или лоши настани.

Грешка #5: Непочитување на стилот и тонот на оригиналот

Една од најчестите грешки при превод е непочитувањето на стилот и тонот на оригиналниот текст, особено кога официјален или формален текст се преведува во премногу опуштен или неформален стил. Оваа грешка може да доведе до губење на сериозноста, авторитетот и точноста на информацијата.

Примери на вакви грешки:

  • Преведување на официјален документ, како што е закон или договор, со користење на разговорен или ‘сленг’ стил.
  • Пренесување на информација со тон на хумор или неформалност во текстови кои бараат сериозност и професионализам.

Последици:

  • Губење на кредибилитетот на преведениот текст.
  • Погрешно толкување на намерите или значењето на оригиналниот автор.
  • Потешкотии во правно толкување или примена на преведениот текст.

Грешка #6: Непроверен машински превод

Непроверен машински превод се случува кога алатки како Google Translate или Wordfast се користат како единствено решение за превод. Иако овие алатки се корисни за брза помош и разбирање на основната содржина на текстот, тие често преведуваат буквално, не ги препознаваат идиоматските и културните разлики, и можат да употребат погрешни значења на зборови или да направат граматички и синтаксички грешки. Како резултат, машинскиот превод може да доведе до неразбирливи или некултурни фрази, особено во професионални текстови.

Сепак, машинските алатки се корисни кога се користат како поддршка, а не како замена за човечки превод. Тие можат да помогнат за брзо добивање на општата претстава за текстот или за олеснување на процесот на преведување, но точниот, професионален резултат бара човечко внимание и експертиза.

Грешка #7: Превод без лекторирање и корекција

Испраќањето на преведен текст без претходно темелно лекторирање и корекција, знае да доведе до сериозни недоразбирања, правни последици или оштетување на угледот на поединецот или компанијата.

Зошто е лекторирањето задолжително?

Првата причина е за да се обезбеди граматичка и правописна точност. Иако преведувачот може да биде експерт во двата јазици, човечките грешки понекогаш се неизбежни. Лекторот ги исправува овие грешки, осигурувајќи дека текстот е јасен и професионален. Втората причина е за да се постигне стилска и терминолошка усогласеност. Лекторирањето помага да се обезбеди дека текстот звучи природно на целниот јазик и дека се користи соодветна терминологија, што е особено важно во технички, правни или медицински преводи. И третата причина е за да се добие конзистентност и кохерентност. Кога на проектот работат повеќе преведувачи, лекторирањето осигурува дека стилот и терминологијата се усогласени низ целиот текст.

судски преведувач со слушалки преведува додека гледа во лаптоп

Како да се избегнат овие грешки?

Преводот е многу повеќе од само пренесување зборови од еден јазик на друг. Тој бара прецизност, културна свесност и внимателна контрола на квалитетот. Многу често се прават грешки кои можат да доведат до недоразбирања, непрофесионален впечаток или правни последици, како што веќе прикажавме во неколку примери. За среќа, со правилен пристап и внимателна организација, овие грешки можат целосно да се избегнат. Како?

Ангажирајте професионални преведувачи

Можеби најочигледната, но сепак најчесто занемарена грешка е обидот да се преведе текст без соодветно квалификуван преведувач. Според студија објавена од Common Sense Advisory во 2021 година, 60% од деловните текстови кои не се преведуваат професионално содржат грешки кои влијаат на јасноста и перцепцијата на брендот.

Токму затоа, одберете внимателно кому ќе го доверите вашиот превод. Доколку се одлучите за нас, сметаме дека е потребно да знаете дека во Глоса секој превод го извршуваат искусни преведувачи кои се специјализирани според индустријата и типот на текст.

Обезбедете јасен и целосен текст

Една од главните причини за неточни преводи е недостаток на информации во оригиналниот текст. Дури и најискусниот преведувач може да се изгуби ако текстот е непотполен, со двосмислени реченици или без контекст.

Фразата „Change the charge“ во превод зависи целосно од контекстот, бидејќи на англиски „charge“ има повеќе значења. Без дополнителен контекст може да значи „Промени ја наплатата“, „Промени го полнењето “ или „Промени го обвинението“ – зависно од тоа дали текстот е во банкарски, електронски или правен домен.

Дополнително, добар пристап е да се обезбедат и дополнителни материјали, кои ќе помогнат преведувачот да го разбере стилот, форматот и целната публика, а со тоа преводот станува не само точен туку и природен.

Комуницирајте со преведувачот

Преводот не е еднонасочен процес. Објаснете ја целта на документот, целната публика и специфичните барања кои ги имате. Континуираната комуникација со преведувачот е клучна за избегнување на грешки и недоразбирања. Според најновите упатства на American Translators Association (2022), проекти со редовна комуникација имаат 40–50% помал ризик од стилски или терминолошки грешки.

Препорака е да се одржуваат кратки онлајн состаноци, коментари во документот или е-пошта за прашања. Дури и едноставни појаснувања за термините, тон на текстот или очекуваниот стил можат да го направат преводот многу поефективен.

Професионален стручен и судски превод со Јазично Студио Глоса

Со повеќе од една деценија искуство, Глоса обезбедува точни, доверливи и навремени преводи за домашни и странски клиенти. Нашите стручни преведувачи користат современи алатки за превод како Trados, MemoQ и Wordfast, а клиентите се секогаш наш приоритет, со можност за итни преводи по договор.

Студиото е специјализирано за:

За сите дополнителни информации, контактирајте нè на Телефон / Viber / WhatsApp: 078 447 387, или испратете ни веднаш барање за превод или за која било од нашите услуги.